МАКФУДБАЛ во Гент,
Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше видно разочаран по ремито без голови (0-0) против Македонија во Гент, но остана спокоен и верува дека неговиот тим ќе се врати на победничките патеки до крајот на квалификациите за Светското првенство.
Иако Белгија влезе во мечот како изразит фаворит, не успеа да ја совлада цврстата македонска одбрана, која издржа повеќе од дваесет обиди кон голот на Столе Димитриевски.
„Фудбалерите се бореа до крај и немам што да им замерам. Имавме многу шанси, но македонскиот голман бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш,“ изјави Гарсија по натпреварот.
Тој остана уверен дека Белгија сè уште го контролира својот пат кон Мундијалот.
„Доколку ги освоиме сите девет бода до крај, ќе го завршиме циклусот како првопласирани. Сè уште верувам во мојот тим,“ порача белгискиот селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













