
МАКФУДБАЛ во Гент,
Македонската фудбалска репрезентација приреди огромно изненадување во Гент, успевајќи да извлече голем бод против силната Белгија и да го задржи врвот на табелата пред последните два меча од квалификациите за Светското првенство 2026. Да се сопре Белгија на „нула“ воопшто не е лесно.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од резултатот, но не целосно од играта на својот тим. Тој истакна дека одбраната одигра на високо ниво, додека организацијата на играта оставила простор и за подобрување – нешто што, според него, во голема мера било резултат и на квалитетниот среден ред на Белгија.
„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, и противникот имаше големо влијание врз тоа. Вечерва го имавме и тој т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се насочуваме кон следниот натпревар со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Евро-фудбал
Французите останаа без Мбапе за мечот со Исланд

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
