Connect with us

ГИ ИСТЕРАВМЕ „ЃАВОЛИТЕ“ ВО ГЕНТ! Македонија се бранеше, се бранеше, се бранеше….и СЕ ОДБРАНИ!

МАКФУДБАЛ во Гент,

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови против Белгија во Гент и го задржа првото место после гостувањето кај најголемиот фаворит во групата. Се одлучивме за одбрана на својот гол, па иако Белгијците имаат неверојатно голем посед на топката и создадоа голем број шанси, сепак, Благоја Милевски и фудбалерите со огромен бод на рамо се враќаат во Скопје.
И сега МОРА да се победи Казахстан.
Боби Милевски е „мозок“, Столе Димитриевски е истерувач на ѓаволи, а сите останати се момци на кои цела Македонија треба да им се поклони и да им аплаудира. И да гои наполни стадионот во понеделник, до последно место.
Во 13.минута, дојде првата посериозна закана. Костадинов кусо исфрли со глава, топката дојде Кевин де Брујне кој шутираше, но во последен момент беше изблокиран.

Седум минути подоцна, Де Брујне изведе корнер, ја извлече на 16 метри, а Салемакерс зафати силен волеј, но заврши над голот.

Белгијците извршија нов притисок во 26.минута. Доку беше во можност да го загрози голот на Столе Димитриевски, но во последен момент блокираше Јани Атанасов.

Само пет минути подоцна, Леандро Тросар шутираше со глава, над гредата.

На почетокот на вториот дел, уште поголем притисок на домаќинот. Кевин де Брујне во 53.минута се одлучи на удар од 18 метри со левата нога, но и Столе Димитриевски одлично одбрани.

Следен беше Доку во 61.минута. Доби топка во транзиција од Де брујне, се ослободи од чуварот пред себе, но повторно се испречи Столе Димитриевски.

Натпреварот влезе во завршница, а Белгијците сѐ уште немаа решение. Сѐ почесто се обидуваа преку Доку, кој создаваше можности за соиграчите од левата страна. Во 77.минута, по додавањето на Доку, Томоти Кастањ не успеа да реализира од непосредна близина.

Пет минути подоцна, Доку повторно мина по левата страна, Опенда шутираше кон голот, но од блокот топката заврши во корнер.

Во 88.минута уште еден силен удар на Опенда од 20 метри, но повторно Столе Димитриевски беше одличен на голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови