Connect with us

Македонија се брани, но има „нула“ по првото полувреме против Белгија во Гент

МАКФУДБАЛ во Гент,

Фудбалската репрезентација на Македонија има 0-0 по првото полувреме против Белгија на дуелот во Гент. Се одлучивме за одбрана на својот гол, па иако Белгијците имаат неверојатно голем посед на топката и создадоа неколку шанси, сепак, засега целта ги оправдува средствата.

Во 13.минута, дојде првата посериозна закана. Костадинов кусо исфрли со глава, топката дојде Кевин де Брујне кој шутираше, но во последен момент беше изблокиран.

Седум минути подоцна, Де Брујне изведе корнер, ја извлече на 16 метри, а Салемакерс зафати силен волеј, но заврши над голот.

Белгијците извршија нов притисок во 26.минута. Доку беше во можност да го загрози голот на Столе Димитриевски, но во последен момент блокираше Јани Атанасов.

Само пет минути подоцна, Леандро Тросар шутираше со глава, над гредата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови