Connect with us

Фудбалските статистичари на Белгија и даваат 84% шанси да биде прва во групата, а Македонија вечерва во Гент ќе се бори тоа да го негира

МАКФУДБАЛ во Гент,

Белгија е селекцијата со најсилно педигре и со квалитативно најдобар тим во нашата квалификациска група за СП 2026. Македонија дојде во Гент како првопласирана, со фудбалските статистичари очекуваат токму Белгијците да завршат на првата позиција и да обезбедат пласман на Мундијалот. За тоа им се даваат дури 84% од шансите.

Според компјутерските калкулации, Велс треба да биде второпласиран и да обезбеди плејоф за пласман на СП, а Македонија истото би го сторила со резултатот и пласманот од Лигата на нации.

Но, иако пред македонските репрезентативци е огромен предизвик и јасно е дека ќе играат против многу пореномирана фудбалска селекција, вечерва можат да ги негираат сите предвидувања и статистички пресметки, доколку успеат да изборат позитивен резултат. Во таков случај и по денешното коло, Македонија ќе остане првопласирана во групата и со добар развој на случувањата во последните две кола од мундијалските квалификации, би можела да остане на лидерската позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови