
МАКФУДБАЛ во Гент,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на „Планет Груп Арена“ во Гент ќе ги одмери силите против Белгија, реално најсилниот ривал во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски дојдоа како првопласирани во групата и би било одлично доколку на таа позиција го напуштат Гент. Тоа значи најмалку да не се загуби од големиот ривал, предводен од Де Бруин, Доку и останатите белгиски ѕвезди.
Одбраната ќе биде под посебен притисок, но Висар Муслиу е подготвен за предизвикот.
“Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу на прес – конференцијата.
Селекторот Благоја Милевски вели дека притисокот не е кон Македонија и дека ќе им порача на фудбалерите да излезат и да уживаат на теренот. Знае дека ќе дадат и повеќе од максимум во намера да се оствари позитивен резултат.
“Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски.
Ова е еден од најважните мечеви во квалификацискиот циклус, но потоа следуваат и Казахстан на домашен терен и Велс на гости. Македонија има убава шанса да испише нова историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
