
Францускиот ас Килијан Мбапе, првата ѕвезда на Реал Мадрид, во интервју за „Мувистар“ отворено зборуваше за младата надеж на Барселона, Ламин Јамал. Напаѓачот на „кралскиот клуб“ ги пофали фудбалските квалитети на Шпанецот, но истовремено апелираше јавноста да не го осудува за работите надвор од фудбалскиот терен.
„Се гледа дека има огромна страст кон фудбалот и тоа е најважното нешто што не смее да го изгуби. Сè останато се однесува на неговиот приватен живот – треба да му се остави простор и мир“, категоричен беше 27-годишниот Мбапе.
Тој потоа додаде: „На теренот Јамал е извонреден фудбалер, но не смееме да заборавиме дека е само 18-годишно момче кое сака да ужива во животот. На таа возраст сите правиме грешки – добри и лоши работи, но токму од тие искуства се учи. Со време ќе сфати што е најдобро за него. Нашата задача е да уживаме во неговата игра, а не да го анализираме секој негов потег надвор од теренот, сè додека не станува збор за нешто сериозно.“
На крајот, Мбапе го заврши со порака на поддршка: „Ламин има неверојатен талент и сигурен сум дека ќе го следи патот што самиот ќе го избере. Му посакувам многу среќа и успех.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
