
Младaта фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска во 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе ја пречека селекцијата на Ерменија, во третото коло од квалификациите за Европското првенство.
По двата порази од Полска и Италија, избраниците на селекторот Горан Станиќ ќе се дадат сѐ од себе да стигнат до првиот позитивен резултат.
„Нѐ очекуваат два тешки натпревари против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни шанси за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките веќе на денешниот натпревар против Ерменија“, изјави Теодор Николовски, фудбалерот од средниот ред.
По ова, младата селекција на Македонија патува за Црна Гора каде ја очекува следниот квалификациски предизвик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ
