Многу лоша вечер за балканските селекции во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Црна Гора го запиша еден од најтешките порази во својата фудбалска историја, откако беше поразена од Фарските Острови со неверојатни 4-0.
Во истата група, Хрватска одигра мирољубиво реми (0-0) на гостувањето против Чешка, во меч со малку шанси и без вистинска креативност во нападот.
Во групата Ц, Грција го започна дуелот против Шкотска ветувачки — со голот на Цимикас во 62. минута поведе со 0-1. Но, потоа следеше вистински колапс: домаќините за само половина час постигнаа три гола и стигнаа до убедливи 3-1. Во истата група, Данска без проблеми го совлада Белорусија на гости со високи 0-6.
Во групата Х, Босна и Херцеговина пропушти златна прилика за триумф на Кипар. „Змаевите“ водеа со 0-2 до 36. минута, но домашните преку Лаифис намалија пред полувремето, а во последните моменти од натпреварот, Питас од пенал во 96. минута донесе израмнување 2-2.
Австрија, пак, имаше фудбалска прошетка против Сан Марино, славејќи со убедливи 10-0 и потврдувајќи ја својата доминација во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













