
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, утревечер во Гент ќе се соочи со првиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија.
Искусниот Александар Трајковски го најави дуелот.
“Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.
Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“, изјави Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
