Connect with us

Постекоглу добива уште една шанса во Нотингем Форест

Нотингем Форест ќе му даде уште една шанса на Анге Постекоглу и ќе го задржи на клупата барем за следниот натпревар против Челси во англиското првенство. Австралиецот беше назначен за менаџер на почетокот на септември, но сè уште нема победа во седум последователни натпревари, што веќе предизвика шпекулации за можно раскинување на соработката.

Постекоглу ќе одржи состанок со сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис, за време на репрезентативната пауза. Засега, грчкиот бизнисмен нема намера да се раздели со Австралиецот и тој ќе добие барем уште еден натпревар за да ја сврти ситуацијата во своја корист.

Англиските медиуми пренесуваат дека Маринакис е голем фан на стилот на тренерот Марко Силва, кој моментално го води Фулам. Тој би можел да биде следниот менаџер на тимот, но, сепак, отштетата што треба да се плати за негово доведување не е за занемарување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови