Connect with us

Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ

Првата тренерска промена во Ла Лигa доаѓа во текот на октомвриската репрезентативна пауза. Новиот член на елитата, тимот на Овиедо се раздели со својот тренер Вељко Пауновиќ, соопшти клубот.


Српскиот стратег имаше договор до крајот на тековната сезона. Заедно со него клубот го напушта и целиот негов тренерски тим. Пауновиќ го доведе Овиедо до историско враќање во Ла Лига по 25 години отсуство, поради што одлуката за негова смена е сериозно изненадување.

Од почетокот на сезоната, тимот од „Карлос Тартиере“ забележа две победи, 1-0 против Реал Сосиедад на домашен терен и 1-2 како гостин на Валенсија. Сепак, во исто време имаше шест порази, вклучително и од гигантите Реал Мадрид и Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови