Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа пристигна во Гент, каде утревечер ќе го игра важниот квалификациски натпревар против првиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија.
Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека треба сите фудбалери да го извлечат максимумот во обид за поволен резултат на ова гостување.
„Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но ниту е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас.
Нормално е дека Белгија ќе не анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни“, вели Висар Муслиу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













