Барселона покажува интерес за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Каталонскиот клуб го гледа 23-годишниот германски фудбалер како долгорочна замена за 37-годишниот Роберт Левандовски.
Според информациите, Адејеми може да стане реална цел за Барселона следното лето, кога ќе му остане само една година од договорот со германскиот тим. Каталонците внимателно ги следат неговите настапи во Бундес-лигата.
Адејеми се приклучи на Борусија Дортмунд во летото 2022 година. Во тековната сезона настапи на 13 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции. Пазарната вредност на фудбалерот изнесува околу 45 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













