Connect with us

Канаваро како селектор на Узбекистан секој месец ќе инкасира по 333.333 евра

Националниот тим на Узбекистан, кој за првпат во својата историја се пласира на Светското првенство, ќе го предводи легендарниот Фабио Канаваро. Светскиот шампион од Мундијалот во 2006 година ќе биде селектор на репрезентацијата на завршниот турнир во САД, Мексико и Канада, со еден од највисоките договори во светскиот фудбал.

Поранешниот италијански репрезентативец потпиша договор до 31 јули 2026 година, а Фудбалската федерација на Узбекистан го привлече со нето плата од 4 милиони евра годишно. Тоа значи дека Канаваро ќе заработува 333.333 евра месечно, 76.923 евра неделно, 10.959 евра дневно, 456,62 евра на час и 7,61 евро во минута.

Ова е вистинско богатство и значително повеќе од тоа што го добива неговиот пријател и колега Џенаро Гатузо, кој неодамна ја презеде италијанската репрезентација по заминувањето на Лучијано Спалети. Поранешниот играч за врска има едногодишен договор со нето плата од 500.000 евра.

Со овој договор, Канаваро се израмни со Роберто Мартинес (селектор на Португалија), додека пред него меѓу националните тренери се само Карло Анчелоти (Бразил – 9,5 милиони евра), Томас Тухел (Англија – 5,9 милиони евра) и Јулијан Нагелсман (Германија – 4,9 милиони евра).

Италијанскиот стратег беше без ангажман од април, по кратката и неуспешна епизода со Динамо Загреб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови