
Одбранбениот фудбалер на Челси, Мамаду Сар, се најде на радарот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
„Сините“ го доведоа 20-годишниот дефанзивец на почетокот на годината за нешто повеќе од 12 милиони фунти, но го оставија во Стразбур до крајот на сезоната 2024/25. Иако веќе дебитираше за лондонскиот клуб на Светското клупско првенство, Сар продолжува да се развива во Франција, каде што стекнува искуство и во Конференциската лига.
Скаути на Реал Мадрид веќе го следеле младиот Французин, кој има 35 настапи во Лига 1, а неговиот стил на игра често се споредува со оној на некои од најдобрите централни дефанзивци во Европа. Интересот на „кралскиот клуб“ доаѓа во момент кога иднината на Антонио Рудигер и Давид Алаба на „Сантијаго Бернабеу“ е неизвесна, па клубот бара нови опции во одбраната.
Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде лесен. Сар има долгорочен договор со Челси до 2033 година, а планот на лондонскиот клуб е тој да стане дел од првиот тим уште оваа сезона. Малку е веројатно дека Челси ќе се раздели со својот талент, освен ако Реал не понуди значително повисока сума од онаа што беше платена за неговиот трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Влаховиќ од следното лето во Баерн Минхен?
