
Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со српскиот голгетер на Јувентус, Душан Влаховиќ, објави „Газета дело Спорт“. Според информациите на весникот, баварците веќе воспоставиле контакт со претставниците на 25-годишниот напаѓач.
Како што е познато, договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува летово, а многу е можно тој да го напушти клубот, бидејќи „бјанконерите“ не сакаат повеќе да ја плаќаат неговата годишна плата од 12 милиони евра – највисока во цела Серија А. Поради тоа, италијанскиот клуб е подготвен да ги разгледа понудите за Србинот уште во јануарскиот трансфер период.
Според германскиот „Билд“, фудбалерот има сериозен интерес да се пресели во Баерн, а идејата на германскиот шампион е да го донесат како слободен агент следното лето.
Баерн, сепак, не е единствениот клуб што ја следи ситуацијата со Влаховиќ — за него интерес покажуваат и Челси и Манчестер Јунајтед, додека Барселона и Милан исто така се споменуваат како можни следни дестинации.
Српскиот напаѓач е најдобар стрелец на Јувентус од почетокот на сезоната, со четири постигнати гола на осум натпревари во сите конкуренции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Влаховиќ од следното лето во Баерн Минхен?
