
Поранешниот дефанзивец на Барселона и на шпанската репрезентација, Жорди Алба, официјално објави дека ќе стави крај на својата професионална кариера по завршувањето на актуелната сезона. 36-годишниот лев бек ја соопшти одлуката преку специјално видео-обраќање на социјалните мрежи. Само пред две недели истото го направи и неговиот долгогодишен соиграч Серхио Бускетс. Двајцата ја делеа соблекувалната во Барселона, во националниот тим на Шпанија, а сега и во Интер Мајами.
„Поздрав до сите. Дојде моментот да затворам едно исклучително важно поглавје од мојот живот. Донесов одлука да ја завршам својата кариера како професионален фудбалер по крајот на сезоната. Тоа го правам со целосна сигурност, исполнетост и среќа“, изјави Алба, кој се приклучи на Интер Мајами во 2023 година.
„Овој пат го поминав со огромна страст и верувам дека сега е вистинскиот момент да отворам нова страница. Фудбалот ми даде сè. Им благодарам на сите соиграчи, тренери, клупски вработени и противници кои ме инспирираа да бидам најдобар што можам“, додаде тој, упатувајќи благодарност и кон сите клубови низ кои поминал.
🚨| 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: Jordi Alba RETIRES from football.
— BarçaTimes (@BarcaTimes) October 7, 2025
Thank you, legend! ❤ pic.twitter.com/eLavKU1hzr
„Благодарам на Атлетико Сентро Оспиталенсе, каде што започна сè, на Валенсија – клубот кој ми даде шанса да дебитирам во Ла Лига, и на Барселона – клубот на мојот живот, со кој ги остварив своите соништа, ги освоив сите можни трофеи и доживеав незаборавна деценија. Благодарам и на шпанската репрезентација – горд сум што бев дел од нејзината историја. И, секако, на Интер Мајами – за топлото добредојде и можноста да ја завршам кариерата со насмевка.“
„Сè што постигнав е заслуга и на моето семејство и на навивачите. Оваа кариера е и нивна. Ве сакам сите. Го затворам ова поглавје знаејќи дека дадов сè од себе. Фудбалот беше, е и ќе остане суштински дел од мојот живот. Благодарам фудбалу, за сè“, заврши емотивно Алба.
Во својата богата кариера Жорди Алба освои шест титули во Ла Лига, пет трофеи во Купот на кралот, четири Суперкупа, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во 2015 година. Со шпанската репрезентација стана европски шампион во 2012 и победник во Лигата на нациите во 2023 година.
За Барселона одигра 459 натпревари и постигна 27 голови, а за „црвената фурија“ запиша 93 настапи и десет погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Влаховиќ од следното лето во Баерн Минхен?
