Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за дуелот против првиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија. Националниот тим утре патува за Гент каде во петок ќе го одигра натпреварот против Белгијците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Напаѓачот Бојан Миовски вели дека работата не е завршена, најавувајќи дека тој ис оиграчите дадат сѐ од себе на претстојните два квалификациски меча во октомври.
„Последна фаза е од квалификациите, сега сѐ ќе се решава. Покажавме дека можеме, први сме на табелата со супер гол-разлика. Задоволни сме, но работата не е завршена. И Белгија, но и останатите два натпревари се едни од најважните во поновата историја на Македонија. Знаеме против играме, речиси сите играчи на Белгија играат во Топ 5 лигите во Европа. Се подготвуваме максимално и со помош на нашите навивачи се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат на гостувањето во Гент“, изјави Бојан Миовски.
Македонија на 10 октомври ќе игра против Белгија во Гент, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Казахстан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













