
Одбранбениот фудбалер на англиската репрезентација и на Манчестер Сити, Џон Стоунс, денес призна дека во еден момент размислувал да стави крај на својата кариера поради серијата повреди што го мачеа во текот на минатата сезона.
31-годишниот Стоунс имаше сериозни проблеми во сезоната 2024/25, повреди на стапалото и бутниот мускул го ограничија на само 24 настапи за клубот и репрезентацијата, без ниту еден натпревар по февруари. Тој се врати во добра форма на почетокот на оваа сезона, а иако ги пропушти септемвриските натпревари против Андора и Србија поради мускулен проблем, сега е подготвен за настап.
Англија ќе одигра пријателски натпревар против Велс на 9 октомври во Лондон, а пет дена подоцна ќе гостува во Латвија.
„Минатата сезона беше многу тешка за мене, до таа мера што размислував целосно да се повлечам од фудбалот“, изјави Стоунс.
„Навистина сакав да престанам, затоа што ми здодеа да бидам максимално професионален, да се трудам да правам сè како што треба, а потоа повторно да се повредувам без објаснување зошто. Тоа беше исклучително тежок период“, продолжи тој.
„Дојде момент кога не знаев зошто ми се случува сето тоа – уште потешко е кога вложуваш толку многу труд, си дисциплиниран професионалец, а сепак не можеш да играш. Си велиш: го направив ова, ова и ова, па што уште треба да направам за да престане овој кошмар? Но потоа си реков дека и во минатото сум се соочувал со предизвици – и во Сити, и овде во репрезентацијата – и дека ќе го надминам и овојпат“, додаде Стоунс.
И покрај повредите минатата сезона, Стоунс беше повикан во летниот камп на Томас Тухел за натпреварите против Андора и Сенегал – потег кој покажува дека германскиот селектор смета на него и во иднина.
„Ја обожавам честа да играм за својата земја. Некои од најубавите моменти во мојата кариера ги доживеав токму во дресот на Англија, на големите турнири. Кога Тухел ме праша летово дали сакам да бидам со момците, и покрај моите проблеми, одговорот беше јасен – секако дека сакам.“
„Да бидам тука, да им помогнам со совети, да бидам добар соиграч – тоа ми значеше многу. Не сум размислувал за тоа подоцна, затоа што времето лета, но тоа беше знак на нешто што навистина ме прави среќен“, заврши Џон Стоунс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Влаховиќ од следното лето во Баерн Минхен?
