Connect with us

ФФМ организира фан-зона за македонските навивачи во Гент

Фудбалската федерација на Македонија организираше официјална фан-зона за македонските навивачи пред натпреварот меѓу Белгија и Македонија во квалификациите за СП 2026 кој се игра на 10 октомври во Гент.

Како што информираат од ФФМ, местото на македонската зона ќе биде во Коренмаркт во Гент, а ќе биде отворена од 11 до 18 часот на 10 октомври, каде сите македонските навивачи ќе може да се соберат пред заедничкото заминување на стадионот во Гент.

„Фан-зоната ќе биде место на собирање, дружење и заедничка поддршка за репрезентацијата пред почетокот на натпреварот. Да ја покажеме македонската поддршка и заедно да создадеме вистинска навивачка атмосфера во Гент“ – порачуваат од ФФМ.

Од ФФМ информираат дека е обезбеден и бесплатен организиран превоз за сите навивачи од фан-зоната на Коренмаркт до стадионот и назад, а поаѓање на автобусите ќе биде во 18:15 часот.

Навивачите може да ја најдат точната локација на фан-зоната преку QR-кодот на објавениот флаер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови