Полскиот стратег Михал Пробиеж е во завршни преговори за преземање на националниот тим на Казахстан, пренесуваат полските медиуми. Во моментов, казахстанскиот тим времено го води Талгат Бајсуфинов, кој го наследи Али Алиев, исто така привремен тренер, по оставката на рускиот селектор Станислав Черчесов.
Пробиеж го напушти националниот тим на Полска летото 2025 година, по спорната одлука да му ја одземе капитенската лента на Роберт Левандовски. Напаѓачот во знак на протест објави дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата.
Откако Левандовски не настапи, Полска загуби со 1-2 од Финска во квалификациите за Светското првенство 2026, а само два дена подоцна Полската фудбалска федерација го раскина договорот со Пробиеж.
Сега, Пробеж се подготвува за нов предизвик со Казахстан, каде ќе се обиде да го стабилизира тимот и да го води во претстојните квалификации. Сепак, официјалното преземање на селекторската позиција треба да се случи по дуелот меѓу Македонија и Казахстан на 13 октомври во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













