Connect with us

Интер го купува голманот кој постави рекорд во Бундес-лигата

Италијанскиот гигант Интер ја разгледува можноста да го доведе голманот на Фрајбург, Ноа Атуболу, кој неодамна се прослави со уникатно достигнување во Бундес-лигата.

„Нерoаѕурите“ веќе ги разгледуваат условите за потенцијален трансфер на 23-годишниот голман за следното лето, а преговорите меѓу клубовите се веќе планирани.

Атуболу, чиј договор со Фрајбург важи до летото 2027 година, го привлече вниманието и на селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, кој го повика во Бундестимот.

23-годишниот голман постави историски рекорд во Бундес-лигата со тоа што одбрани пет последовни пенали, што го издвојува како еден од најперспективните млади голмани во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови