Connect with us

Родри не е сериозно повреден, но нема да игра за Шпанија во октомврискиот циклус

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Родри, кој беше заменет по само 20-на минути игра на натпреварот против Брентфорд, изјави дека повредата не е сериозна и се надева дека ќе биде достапен за следниот меч во Премиер лигата против Евертон. Инаку, претходниот носител на „Златната топка“ често се соочува со мускулни проблеми од почетокот на сезоната, откако го пропушти речиси целиот минат шампионат поради тешка повреда на коленото.

„Се чувствувам добро. Почуствував нешто во мускулот зад коленото, но не изгледа сериозно. Најважна е победата. Малку се истегнав, но тоа е дел од процесот. Дали е поврзано со повредата на коленото? Не мислам така. Добро е што излегов од теренот и не се обидов да продолжам, за да не ја влошам повредата на мускулот. Мислам дека во овие денови на одмор ќе можам да се опоравам. Се надевам дека ќе бидам подготвен за следниот натпревар“, изјави Родри.

Сепак, Родри сигурно нема да се приклучи на репрезентативниот собир на Шпанија и ќе ги пропушти квалификациските натпревари на СП 2026 против Грузија и Бугарија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови