
Загуби во Струга во минатото коло, но Пелистер прикажа солидна игра во која до 85. минута имаше заслужен нерешен резултат со првопласираната екипа од Првата македонска фудбалска лига.
Во последниот натпревар од деветтото коло, битолчани ја пречекуваат Шкендија, која во текот на седмицата имаше настап од Конференциската лига, каде што загуби од Рајо Ваљекано со 2-0.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 18 часот.
„Шкендија е константно стабилна екипа, една од најквалитетните во последните години што игра во нашето првенство. Тие сега играат и во Европа, имаат голем ростер на играчи и верувам дека ќе бидат на високо ниво и во нашиот дуел. Сепак, нашата математика е поинаква од нивната, па немаме намера да им ги препуштиме бодовите”, изјави тренерот Димитар Капинковски.
Овие две екипи одиграле 36 првенствени мечеви и четири пати се сретнале во Купот. Традицијата, особено во последниве години е на страната на Шкендија, додека последен пат играле нерешено во 2021 година. Последната победа на битолчани датира од 16 декември 2020 година, а е извојувана во Тетово. На стадионот под Тумбе кафе последната победа на Пелистер датира од 2013 година.
Тимот од Битола веќе неколку кола настапува со десеткуван состав поради повреди на различни играчи, но претстојната пауза во шампионатот нема да помине пасивно.
„По овој меч, ќе играме и со Шкендија од Арачиново во дуел за Купот на Македонија, а на 12 октомври во Битола ќе се прославуваат и двата јубилеи: 80 години од ФК Пелистер и 40 години од навивачката група „Чкембари“. По тој повод, ќе одиграме и пријателски натпревар со Динамо Букурешт”, дополни тренерот Капинковски.
По репрезентативната пауза која почнува по ова коло, првенството продолжува на 19 октомври со натпреварите од 10. коло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи

Евро-фудбал
ПСЖ се скара со федерацијата и за Бредли Баркола

Млади репрезентации
Селими го одреди составот на Македонија У19 за тестовите против Црна Гора
