Connect with us

Селими го одреди составот на Македонија У19 за тестовите против Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 9. и 12. октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трајковски (Партизан, Србија);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар), Агон Бајрами (Фортуна Дизелдорф, Германија), Мичо Поповски (Вардар);

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (Коге, Данска), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија);

Напад: Хисар Али (Фероникели, Косово), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Давид Ивановски (Винтертур, Швајцарија);

Репрезентацијата до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Од 12. до 18. номеври, Португалија е домаќин на турнирот на кои ќе се соочиме со домашната селекција, Белгија и со Естонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови