Connect with us

Судиска комисија: Пеналот за Вардар е правилно досуден (ВИДЕО)

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информираше дека одлуката донесена во 51-та минута од натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна.

По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.

„Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот“, се вели во соопштението објавено на сајтот на ФФМ.