Connect with us

Пулишиќ промаши пенал, Јуве и Милан останаа на „нула“ (ВИДЕО)

Јувентус и Милан одиграа без голови (0-0) во дербито на „Алијанц стадион“, оставајќи ги навивачите со поделени впечатоци – многу возбудувања, но без конечна награда.

Првото полувреме мина во внимателна тактичка битка, со само по една сериозна шанса на двете страни. Сосема поинаква слика понудија вторите 45 минути, кога темпото нагло се зголеми и шансите се нижеа една по друга.

Веднаш на стартот, Гати имаше зицер, но фантастичниот одраз на Мењан го остави Милан во игра. Неколку минути подоцна „росонерите“ добија пенал, но Кристијан Пулишиќ ја испрати топката високо над голот и ја испушти најдобрата шанса за водство.

Во завршницата најблиску до погодок беше Рафаел Леао – во 73. минута од идеална позиција, од само неколку метри, успеа да промаши нешто што изгледаше како сигурен гол.

Иако дербито нуди цела низа драми и моменти за паметење, головите овојпат изостанаа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови