Наполи го совлада Џенова со 2-1 во шестото коло на Серија А и се врати на врвот на табелата.
Домаќините се најдоа во негатива во 34. минута кога 18-годишниот Џеф Екатор на убав начин го круниса центаршутот на Нортон-Кафи, постигнувајќи водечки гол за гостите.
Првото полувреме мина без многу шанси за Наполи, освен еден обид на Политано.
Во вториот дел следеше пресврт. Во 57. минута Франк Ангиса израмни со удар со глава, а победничкиот погодок падна во 75. минута кога Расмус Хојлунд искористи една одбиена топка и донесе триумф од 2-1.
Со оваа победа, Наполи се израмни со Рома на врвот на табелата со по 15 бода, додека Џенова останува претпоследна со само два поени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













