Connect with us

Вардар и Струга ТЛ приредија спектакл и ремизираа 2-2 на Арената, Силекс подобар од Тиквеш

Вардар и Струга Трим Лум приредија вистинско дерби-шоу на „Арена Тодор Проески“, кое заврши без победник (2-2). Мечот донесе четири гола, пенал-драма и гол во судиско продолжение.

Струга поведе преку капитенот Буњамин Шабани уште во 19. минута, а Вардар долго време бараше начин да се врати во игра. Во вториот дел беше досуден сомнителен пенал за Вардар, но гостинскиот голман Ангелети успеа да го одбрани ударот на Роџерс Мато.


Сепак, Роџерс Мато набрзо се поправи и донесе 1-1. Одлично се ослободи од двајца противнички фудбалери и ја затресе мрежата.

Радоста на „црвено-црните“ траеше само четири минути – доволно за Компаоре да ја врати предноста на стружани.

Се чинеше дека лидерот ќе замине со полн плен, но во 92. минута Јанкулов ги распламти трибините со погодок за конечни 2-2.

Со овој бод, Струга останува на врвот со 23 поени, а Вардар има 21 и ќе го чека исходот од мечот Пелистер – Шкендија за својата позиција пред репрезентативната пауза.

Силекс конечно ја прекина лошата низа и го победи Тиквеш во Кратово со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Ади Алиќ во деветтата минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови