Connect with us

Башкими: ФФМ покажа дека е решена да го заштити интегритетот на натпреварувањето

Македонскиот прволигаш Башкими се јави со ново соопштение по брзата реакција од Фудбалската федерација на Македонија. Во таа реакција стоеше дека главниот судија погрешил и дека ќе биде негативно оценет.

По ова денеска со свое официјално соопштение раководството на Башкими го поздрави потегот на ФФМ.

„Башкими1947 ја поздравува брзата одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Судиската комисија по скандалозното судење на вчерашниот натпревар против ФК Брера.
Непосредната реакција и изрекувањето на првата казна против судијата Пларент Салиу покажува дека ФФМ е решена да го заштити интегритетот на натпреварувањето и да дејствува против поединци кои го нарушуваат имиџот на фудбалот. Силно се надеваме дека ова е само почеток и очекуваме понатамошни мерки против секое однесување што ја нарушува фудбалската правда.
Фудбалот оди напред само со праведност и непристрасни одлуки. Не посакуваме таква неправда на никого. Апелираме вакви случаи да не се повторуваат повеќе, бидејќи секој клуб заслужува еднаквост на теренот“, се вели во соопштението на Башкими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови