Connect with us

Челси ќе мора без Кол Палмер на утрешното дерби против Ливерпул

Менaџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека неговиот тим ќе го нема Кол Палмер за дерби натпреварот против Ливерпул на „Стемфорд бриџ“.

„Кол сè уште е надвор од тимот“, изјави Мареска на прес-конференција. „Тревор Чалоба исто така е суспендиран. Имаме вкупно седум или осум играчи кои нема да можат да настапат на утрешниот натпревар.“

Манаџерот на Челси не даде прецизни информации за враќањето на Палмер.


„Во моментов немам нови информации за него. Оваа недела ќе имаме средба за да видиме како е и тогаш ќе одлучиме дали ќе може да се врати по интернационалната пауза.“

„Црвените“ се обидуваат да се вратат на победничкиот пат по првиот пораз сезонава против Кристал Палас минатиот викенд. Домаќините од Западен Лондон ќе бидат сериозно ослабени поради голем број повреди и суспензии.

Дербито меѓу Челси и Ливерпул е закажано за в сабота во 18:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови