Connect with us

„Лавовите“ убедливи против Арсими

Македонија ЃП оствари убедлива победа од 4-1 против Арсими во натпреварот од деветтото коло на Првата фудбалска лига. Со овој триумф, „лавовите“ од Ѓорче Петров се искачија на шестата позиција на табелата со 12 бодови.

Домашниот тим започна агресивно и офанзивно, а водството дојде во 13. минута кога Клинтон Осеи со прецизна асистенција го најде Ѓорѓи Стоилов, кој не погреши од близина.

Арсими првпат се закани во 33. минута преку ударот на Игњатов, но топката мина крај голот на Јанков.

Во второто полувреме, Македонија ЃП брзо ја зголеми предноста. По само осум минути игра, одбраната на Арсими не успеа да расчисти нафрлена топка, која стигна до Мартин Талаков, кој го постигна вториот гол за 2-0.

Арсими намали на 2-1 преку Шефит Шефити во 63. минута, но веднаш потоа Џемиљ Јахији заработи втор жолт картон, оставајќи го тимот со играч помалку.

Колумбиецот Гереро имаше шанса за погодок, а Софијаноски не беше прецизен во еден напад. Домашните го контролираа темпото, а потоа Гереро ја искористи грешката на голманот Силјановски за 3-1.

Конечниот резултат од 4-1 го постави Кире Маркоски во 89. минута со уште еден убав гол, за да го заокружи убедливиот триумф на „лавовите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови