
Герет Саутгејт има стравувања дека нема да добие доволно време за да го трансформира Манчестер Јунајтед доколку ја преземе клупата на „црвените ѓаволи“. Според британските медиуми, поранешниот селектор на Англија е подготвен да започне преговори со клубот, за кој е фан уште од детството.
Сепак, тој смета дека ќе бидат потребни околу четири години за да го направи тимот вистински конкурент во Лигата на шампиони. Затоа Саутгејт ќе побара гаранции дека раководството на Јунајтед ќе се придржува кон долгорочниот план што ќе го дефинираат заедно.
Англискиот стратег е загрижен и поради друг аспект – се очекуваат брзи резултати, додека тој е приврзаник на постепена трансформација на тимот за подолг период.
Имињата на Оливер Гласнер, Андони Ираола, Фабиан Хурцелер, Марко Силва, Оле Гунар Солскјер и Мајкл Карик се меѓу оние што англиските медиуми ги споменуваат како потенцијални наследници на Рубен Аморим, доколку раководството на „црвените ѓаволи“ одлучи да се раздели со португалскиот тренер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 минимално поразена од Словачка
