Connect with us

Беќири: Шкендија ќе научи многу од настапите во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија со пораз го започна настапот во групната фаза на Конференциската лига. Во првиот натпревар на европската сцена, тетовци беа поразени во Мадрид од Рајо Ваљекано со 2-0.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, истакна дека македонскиот првак извлече многу поуки од овој дуел.

„Игравме во извонредна атмосфера во текот на целиот натпревар. Рајо целосно ја заслужи победата, иако мислам дека во првото полувреме покажавме премногу почит кон противникот. Во второто полувреме тимот трчаше повеќе и беше подобар и во двете фази, но противникот веќе имаше двојна предност. Рајо Ваљекано е тим кој треба да се почитува, особено за начинот на кој игра офанзивен и агресивен фудбал. Мислам дека е еден од фаворитите во Конференциската лига. Дури и најдобрите тимови во светот имаат многу тешкотии на овој терен“, изјави Беќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови