
Нотингем Форест загуби од Митјиланд со 2-3 на домашен терен во второто коло од групната фаза на Лига Европа. За менаџерот Анге Постекоглу тоа беше шести натпревар на клупата на тимот. Во тој период екипата освои само два бода во сите натпреварувања. Со тоа, Постекоглу стана првиот тренер на Нотингем во последните 100 години кој не успеал да запише ниту една победа во своите први шест натпревари.
Последниот ваков случај датира од 1925 година, кога Џон Бејнс не славеше во првите седум средби, но потоа остана да работи во клубот уште четири години.
Нотингем Форест повторно се посрамоти при враќањето на европскиот фудбал на „Сити Граунд“.
Постекоглу го презеде Нотингам Форест на 9 септември, заменувајќи го Нуно Еспирито Санто, со кого клубот во јуни имаше потпишано нов договор до 2028 година.
Нотингем Форест веќе е елиминиран од Карабао Купот и сè уште нема победа во натпреварите од групната фаза на Лига Европа. Во однос на Премиер – лигата, избраниците на Постекоглу се наоѓаат на 17. место со пет освоени поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 минимално поразена од Словачка
