Connect with us

Лига Европа: Звезда во 90.минута загуби од Порто, Динамо Загреб со втор триумф

Српскиот шампион Црвена Звезда ја отвори сезоната во Лига Европа со реми против Селтик, но вечерва на гостувањето кај Порто доживеа пораз од 2-1. Португалците поведоа уште во 8. минута со пенал на Вилијам Гомеш, а младото откритие на Звезда, Василије Костов, израмни во 30. минута. Сепак, Мора во 90. минута постигна гол по контранапад и го донесе триумфот за Порто.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со Ренџерс исто така претрпе пораз (1-2) на гостувањето кај Штурм, откако одигра едно полувреме.

Динамо Загреб продолжи со успешниот старт во Лига Европа, совладувајќи го Макаби со 3-1 на гостувањето. Домаќините поведоа во 14. минута, но Хрватите со голови во 16. и 19. минута направија целосен пресврт.
Во останатите натпревари постигнати се следните резултати: Базел – Штутгарт 2-0, Селта – ПАОК 3-1, Генк – Ференцварош 0-1, Лион – Салцбург 2-0, Нотингам Форест – Мјитиланд 2-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови