Connect with us

Лига Европа: Бетис триумфираше против Лудогорец, Рома загуби од Лил (ВИДЕО)

Бетис го забележа првиот триумф во новата сезона од Лига Европа, откако по ремито со Нотингем Форест (2-2), славеше на гостувањето кај Лудогорец со 0-2. Ло Селсо го отвори резултатот во 30. минута по асистенција на Натан, а во 53. минута автоголот на Сон го потврди триумфот на Бетис.

Рома на „Олимпико“ ја започна европската сезона со минимален пораз од 0-1 против Лил, со гол на Харалдсон уште во шестата минута.

Болоња и Фрајбург ремизираа 1-1, додека Фенербахче ги освои првите три бода во Лига Европа со победа над Ница од 2-1.

Селтик продолжува да има проблеми – по елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, шкотскиот шампион загуби и од Брага со 0-2 во Глазгов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови