Connect with us

Шкендија поразена од Рајо на дебитантскиот меч во групите од Конференциската лига (ВИДЕО)

Шкендија не успеа да има позитивен старт во своето прво учество во групната фаза од Конференциската лига, откако на гостувањето кај Рајо Ваљекано загуби со 2-0. Натпреварот беше решен уште во првите 45 минути, кога домаќините постигнаа два брзи погодоци.

Унаи Лопез во 28. минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Фран Перез ја удвои предноста.

Во второто полувреме, голманот Бубакар Гаје беше најистакнат кај македонскиот шампион со неколку интервенции, спречувајќи резултатот да биде уште повисок.


Шпанскиот состав упати десет удари во рамките на голот, наспроти само еден на Шкендија. Домаќините изведоа 12 корнери, додека тетовчани немаа ниту еден, што доволно ја покажува доминацијата на Рајо на „Ваљекас“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови