Connect with us

Полувреме: Рајо има предност од 2-0 против Шкендија (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкендија по првото полувреме има негатива од два гола (2-0) на историскиот дебитантски натпревар во групната фаза од Конференциската лига против шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Домашниот тим беше подобар ривал и ја претвори иницијативата во два брзи погодоци.

Водството за Рајо го донесе Унаи Лопез во 28. минута, откако ја искористи одличната акција од левата страна.

Само четири минути подоцна, речиси идентичен напад преку левата страна донесе нова опасност, а овојпат стрелец беше Фран Перез за 2-0.

Тетовци ќе имаат тешка задача во второто полувреме да се обидат да се вратат во игра и да го намалат водството на Рајо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови