
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години минимално, со 1-0, загуби од врсниците на Словачка на вториот контролен натпревар одигран во Дунајска Стреда. Погодокот за победа на домаќините го постигна Давид Полтај во 57. минута. Нашите млади фудбалери во 88. минута не искористија стопроцентна шанса за израмнување преку Сејменов, а во дополнителните минути, не беше досуден очигледен пенал за Македонија.
Во првото полувреме не успевме да најдеме решение за дефанзивниот блок на противникот. Создадовме две полуприлики, но ударите на Буцевски во 42. и 44. минута не беа прецизни. По водечкиот гол на Словачка во вториот дел, се обидовме преку Ѓорѓиев и Марковски, но без реализација. Најубавата шанса за израмнување ја пропушти Сејменов на две минути пред крајот кога излезе сам пред домашниот голман, но не успеа да постигне гол за позитивен резултат.
На првиот меч одигран меѓу двете селекции, резултатот беше 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
