Connect with us

Шкендија му гостува на Рајо во Конференциската лига во обид да испише историја

Македонскиот првак Шкендија вечерва гостува кај Рајо Валјекано (18:45 часот) во првото коло од Конференциската лига на УЕФА – историски прв натпревар за тетовскиот клуб во главната фаза на едно европско натпреварување.

Ждрепката посака дебито на Шкендија да биде и најтешкиот можен предизвик, имајќи предвид дека Рајо настапува во силната шпанска Ла Лига, а македонските екипи традиционално минуваат лошо против противници од Примера.

„Знаеме колку е силна шпанската Ла Лига, но ова е голем меч за нашиот клуб. Прекрасно е што ќе играме со ривал од така силна лига, знаеме дека навивачите на Рајо креираат одлична атмосфера на трибините, дека овој тим игра исклучително борбено. Сепак, ова е меч за историја на Шкендија и ние ќе сториме сѐ за да се претставиме во добро светло“, најави тренерот Јетон Беќири.

Капитенот Бесарт Ибраими верува дека Шкендија ќе одигра добар меч.

„Сме ги гледале како играат со Реал Мадрид и со Барселона, заеме дека се квалитетен тим што се бори 90 минути. Сепак, тоа ќе биде меч за историја за нас, задоволни сме што стигнавме до овде, но не планираме да застанеме. Ќе излеземе на терен и ќе го дадеме најдоброто од себе“, изјави Бесарт Ибраими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови