
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред двата октомвриски натпревари во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонската селекција прво ѝ гостува на Белгија во Гент, а потоа го дочекува Казахстан во решавачкиот дел од циклусот и во пресрет на последната рунда во ноември.
За октомврискиот циклус селекторот Благоја Милевски одбра според очекувањата и немаше големи изненадувања. Од комбинација отпадна Лирим Ќамили кој е повреден и Димитар Митровски, а повикан е Давид Бабунски од скопски Вардар.
Списокот на Македонија за октомвриските натпревари:
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Сент Тројден (Белгија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Стефан Ашковски – Раднички Ниш (Србија)
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Глазгов Ренџерс (Шкотска)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Кочаелиспор (Турција)
Александар Трајковски
Давид Бабунски – Вардар
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 откомври. Првиот натпревар Македонија го игра на гости кај Белгијците на 10 октомври, додека три дена подоцна на 13 во Скопје доаѓа Казахстан.
Во пресрет на октомвриските дуели Македонија е лидер на табелата со 11 бода, по еден повеќе од Белгија и Велс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
