
Македонскиот шампион Шкендија вечерва (18.45 часот) ќе го има своето големо деби на меѓународната фудбалска сцена. Во првото коло од групите во Конференциската лига на УЕФА, тетовци ќе гостуваат кај шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано, клуб каде порано настапуваше и Столе Димитриевски.
Тренерот на Рајо, Ињиго Перез, не крие дека целите на неговиот тим се високи и дека очекува силен офанзивен дуел.
„Шкендија е тим кој игра директно и без многу шпекулации. Имаат моќна офанзива, што понекогаш им создава проблеми во одбраната. Очекувам динамичен натпревар, каде ќе мораме да напаѓаме внимателно, но и цврсто да се браниме. Ќе го немаме на располагање на Луис Фелипе поради повреда, а Карденас е со грип и не може да настапи. Де Фрутос е заморен, но очекувам да биде во составот. Нашата цел е освојување на Конференциската лига, но како дебитанти мораме да пристапиме внимателно. Сепак, мораме да влеземе со победнички стил“, изјави Перез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
