Connect with us

Конте: Поразот од Милан ни помогна да го победиме Спортинг

Антонио Конте го изрази своето задоволство од победата на Наполи над Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим славеше со 2-1 благодарение на двата погодоци на Расмус Хојлунд.

„Мислам дека игравме против многу силен тим. Спортинг е шампион на Португалија две години по ред. Тоа е сериозна екипа и ние се справивме добро, затоа што победивме како тим, и покрај сложената ситуација. Во споредба со минатата сезона, дефанзивната линија е целосно променета, вклучително и голманот, бидејќи вечерва бранеше Милинковиќ-Савиќ“, изјави Конте.

„Сите кои влегоа од клупата – Давид Нерес, Ноа Ланг, Били Гилмор, Матијас Оливера и Лоренцо Лука – се претставија добро. Жал ми е што примивме два гола против Милан, но што друго можевме да направиме? Поразот во Милано ни ја даде енергијата, решителноста и концентрацијата што ја покажавме на овој дуел. Ако не бевме сплотен тим, овој натпревар против Спортинг Лисабон ќе беше многу потежок“, нагласи Конте.

Наполи покажа ново лице и со двата гола на Хојлунд го скрши отпорот на Спортинг.

„Кевин де Бруин, за разлика од останатите осум нови играчи, има големо искуство – помина 10 години во Манчестер Сити, играјќи на највисоко ниво. Секогаш барам ентузијазам и посветеност, кои во комбинација со квалитетот ни дозволуваат да ја креваме летвичката. Повторувам, немам што да кажам за Кевин, затоа што тој е добро момче кое работи напорно“, одговори Конте на прашање за замената на белгискиот плејмејкер.

„Јас сакам да победувам и ако направам замена, свесен сум дека тоа ќе стане дел од медиумските игри. Но пред сè, јас сакам победи, сакам да ја видам решителноста и концентрацијата и во одбраната и во нападот, за тимот да функционира хармонично и никој да не се исклучува од играта“, додаде тренерот на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови