Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја призна надмоќта на Пари Сен Жермен во дуелот меѓу двата тима, кој каталонците го загубија со 1-2.
„Игравме многу подобро во првото полувреме отколку во второто. Им дозволивме да создадат премногу шанси, затоа што се изморивме“, изјави Флик.
И без голем дел од своите ѕвезди, но со шампионска самодоверба, ПСЖ направи пресврт за паметење како гостин на Барселона.
„Вистината е дека ПСЖ е одличен тим, со многу млади и брзи фудбалери. Парижаните одиграа извонреден натпревар. Ние не се претставивме на најдобар начин, а против ваков противник тоа е задолжително. Победата на ПСЖ е заслужена“, нагласи Германецот.
За Барса ова беше трет пораз во последните пет натпревари против ПСЖ. Каталонците стигнаа само до една победа во овој период, со 3-2 во април 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













