
Македонскиот првак Шкендија утревечер (18.45 часот) во Мадрид го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на УЕФА Конференциската лига, а противник е шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано на „Естадио де Вајекас“.
Капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими, најави дека тој и соиграчите се подготвени за големиот европски предизвик.
„Ова е историски натпревар за сите нас. Задоволни сме што стигнавме до тука, подготвени сме да го дадеме максимумот, знаеме со каков противник играме утре. Го почитуваме, нашето е да излеземе на терен, да го дадеме максимумот и да се надеваме дека во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ние сме подготвени утре да излеземе на терен, да го дадеме максимумот во секој аспект. Знаеме со каков противник имаме работа, важно е што ние сме подготвени, а останатото ќе го оставиме за на терен“, изјави Бесарт Ибраими на денешната прес – конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
