Баерн Минхен планира да го продолжи договорот на својата ѕвезда во нападот, Хари Кејн, и по 2027 година, изјави спортскиот директор на клубот, Макс Еберл.
„Ако имате добар впечаток, дефинитивно можете подолго да ги задржите играчите кои ви носат неверојатен квалитет“, рече Еберл пред мечот со кипарскиот Пафос во Лигата на шампионите.
„Хари воопшто не изгледа старо, како да паднал во фонтаната на младоста, ако се гледа колку е активен на теренот. Затоа апсолутно сакаме да го задржиме“, додаде тој.
32-годишниот капитен на англиската репрезентација пристигна во Минхен во 2023 година со четиригодишен договор и стана играчот кој најбрзо стигнал до 100 голови за еден клуб, постигнувајќи го тоа за само 104 натпревари во дресот на баварците. „Хари е неверојатен играч за нас“, истакна Еберл.
Тој се осврна и на шпекулациите за клаузулата за негово заминување во 2026 година и можноста за враќање во Англија:
„Кејн кажа дека со своето семејство е многу среќен во Минхен и дека обновувањето на договорот е реална опција. Сакаме да продолжиме да работиме со него и ќе ја разгледаме следната фаза многу мирно.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













