
Килијан Мбапе постигна хет-трик против Каират во убедливата победа од 0-5 на гости, но истакна дека тоа нема да го покрие поразот од Атлетико Мадрид во градското дерби од Ла Лига.
Со три гола и признание за играч на натпреварот, тој ги предводеше „кралевите“ до убедлив триумф во Лигата на шампионите. Сепак, француската ѕвезда не дозволи славјето во Алмати да го засени последниот првенствен неуспех.
„Дали оваа победа значи дека го забораваме дербито? Не, не, тоа не смее да се заборави“, рече Мбапе по натпреварот.
„Не можеме да го заборавиме тоа што се случи за викендот“, мислејќи на болниот пораз од Атлетико Мадрид со 5-2.
Тоа беше првиот пораз на Реал сезонава, кој откри и сериозни проблеми во одбраната на тимот на Чаби Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
