Connect with us

Фабио Канаваро ќе биде селектор на Узбекистан на СП 2026?

Легендата на италијанскиот фудбал и светски шампион од 2006 година, Фабио Канаваро, би можел да ја предводи репрезентацијата на Узбекистан, пренесуваат италијанските медиуми.

Фудбалската федерација на Узбекистан стапила во официјален контакт со Канаваро за да разговараат за неговото ангажирање како селектор.

Репрезентацијата веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026, а на клупата би ја водел поранешниот капитен на „аѕурите“.

Канаваро својата тренерска кариера најголем дел ја градеше во Кина, а потоа се врати во Италија каде што ги предводеше Беневенто (2022/23) и Удинезе (2023/24).

Последниот ангажман го имаше во Динамо Загреб, но го напушти клубот по неуспешната борба за титулата.

Узбекистан до историски пласман на Мундијалот стигна со освоено второ место во групата А од третата фаза на азиските квалификации, зад Иран, а пред селекции како Обединетите Арапски Емирати, Катар, Киргистан и Северна Кореја.

Репрезентацијата на Узбекистан во најголем дел од квалификациите за Светското првенство 2026 ја водеше словенечкиот стручњак Среќко Катанец, но тој на почетокот на јануари годинава го напушти кормилото поради здравствени причини.

Негово место го презеде поранешниот капитен и легендарен фудбалер на земјата, Тимур Кападзе, кој успешно ги заврши квалификациите и официјално го одведе националниот тим на историскиот Мундијал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови